Машкиот кумите тим ќе се бори за златниот медал на Европските универзитетски игри

Машкиот тим во борби на македонската универзитетска карате репрезентација се пласира во финалето на Европските универзитетски игри кои се одржуваат во Лоџ, Полска.

Давид Петков, Петар Заборски, Петар Спасеновски, Глигор Петков и
Димитар Илиевски до финалето стигнаа п победите над тимовите од Унгарија, Укрина и Словачка.

Во финалето за златниот тим нашите момци ќе се борат против Украина(Државна Харкив академија за физичка култура).

Ова е голем успех на нашите каратисти, ако се има предвид дека е близу границата со Украина и дека настапуваат најквалитетните натпреварувачи од Европа, само сега како студенти.

„Направивме одличен успех и сите сме многу среќни од постигнатиот резултат. За оваа европска универзијада се подготвувавме многу сериозно ја темпиравме формата на каратистите и резултатот се постигна. Успеавме да влеземе во финале во најтешката дисциплина , борби екипно во машка конкуренција. Тимот е составена од многу искусни каратисти, иако се тие студенти, сите се репрезентативци на Македонија кои ги бранеле боите на многу европски и светски првенства. Да потсетиме дека ова е веќе второ финале во истата дисциплина на овој универзитетски тим. Тие на минатата универзијада која се одржа пред три години во Загреб, тие исто така беа финалисти и тогаш го освоија сребрениот медал, се надеваме дека на оваа универзијада ќе успееме да бидеме први и да го освоиме златниот медал“, рече селекторот Бошко Заборски.

Денес се поединечните настапи.

На игрите се пријавени 5000 студенти од 400 европски универзитети од 40 државии тие ќе се натпреваруваат во 20 различни спортови.

Резултати – Европски универзитетски игри:

Македонија – Универзитет Свети Кирил и Методиј – Унгарија 3-0
Македонија – Универзитет Свети Кирил и Методиј – Украина 3-1
Македонија – Универзитет Свети Кирил и Методиј – Словачка 3-0
Финале
Македонија – Универзитет Свети Кирил и Методиј – Украина(Државна Харкив академија за физичка култура)

Женски кумите тим
Македонија – Универзитет Свети Кирил и Методиј – Полска 0-0
Македонија – Универзитет Свети Кирил и Методиј – Австрија 0-2

За нашиот тим настапија Симона Заборска, Ангела Мојсовска, Моника Пендаровска и Викторија Јовановска.

-67 кг
Давид Петков – Микита Румијанцев (Украина)

75 кг
Петар Заборски – Андриј Заплитњи (Украина)

-84 кг
Петар Спасеновски – Кристијан Зиполи (Италија)
Илиевски Димитар – Луиџи Рензули (Италија)
Илиевски Димитар – Кадри Толај (Турција)

+ 84 кг
Глигор Петков – Кол Рис Вилијамс (Велика Британија)

-55 кг
Марија Петровска – Марија Странц (Полска)/ Танија Мачадо де Бос (Португалија)
Симона Заборска – Миа Мијовиќ (Хрватска)

-61
Викторија Јовановска – Колумбин Манон (Франција)
Моника Пендаровска – Ана Хеико (Украина)

-68 кг
Ангела Мојсовска – Анита Макјан (Ерменија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО