Мартин Несторовски: Сонот се остварува, да учествувам на Олимписки игри!

297

Martin so medalistite na EP

Носителот на бронзениот медал од Европското првенство за сениори во Истанбул, Турција, Мартин Несторовски (над 84 кг), почнува со  карате да се занимава уште на мала возраст во КК Балкан кај тернерот Миле Андоновски, каде што останува шест години. Потоа преминува во КК Аеродром кај Димче Јанковски, за на едно училишѕно натпреварување да го забележи Драган Грдановски и да го покани да помине во редовите на КК Металург, каде што е и денес.

Poen za pobeda na EP Istanbul

Колку ти фалеше за да се бориш во финалето на Европското првенство во Турција?

-Тоа беше многу тешка и специфична борба. Со Битевиќ се знаеме одамна. Во моментов испадна подобар, иако одлучуваа мали нијанси, бидејќи имаше две акции, при што тој доби поен а јас не.

Потоа следуваше борбата за бронзениот медал. Имаше ли страв дека може да се случи и нешто неочекувано, иако во нашиот разговор пред борбата делуваше самоуверено?

-Знаев дека борбата за третото место ќе биде напорна, но бев малку релаксиран затоа што ги знаев противниците. Бев сигурен дека противник ќе ми биде Холанѓанецот, сепак, Португалецот беше подобар, што по малку ме збуни, но и ми олесни на душата. Уште една олеснителна околност беше што со него се сретнав во екипниот дел, при што борбата заврши нерешено бидејќи и двајцата се стегавме и тактизиравме. Имав позитивна трема и бев сигурен дека ќе го победам.

Martin na piedestal so tabela

Може да се рече дека се врати во репрезентацијата на величенствен начин по суспензијата од Карате федерацијата на Македонија, освојувајќи го бронзениот медал на ЕП.

-Суспензијата не беше по моја вина, која потоа набрзо беше укината оти беше грешка. Тоа се виде и на Светското првенство во Бремен, Германија, минатата година, каде што во екипниот дел се претставив во најдобро светло. Потоа, годинава следуваа турнирите од Карате 1 Премиер лигата во Париз и Алмере, каде што бев трети и петти, а на Балканското првенство во Чачак седми.

Додека бев под суспензија јас работев. Успехот е работа на долгогодишна работа, бидејќи 19 години сум во каретето.

Со освојувањето на бронзениот медал си обезбеди место и на првите Европски олимсписки  игри во јуни во Баку, Азербејџан. Што може да очекуваме од Европските игри, на кои покрај тебе ќе патува и Емил Павлов?

-Секако дека тоа е голема привилегија, затоа што се први Европски игри и ми е дополнителен мотив. Тоа е голем предизвик да отидеш на Олимпијада. Сонот се остварува, да бидам на олимписки игри, иако се Европски, но се надевам дека и 2020 година ќе бидат дел од Олимписките игри во токио, Јапонија.

Ќе се одморам 2-3 дена и потоа повторно од почеток ќе почнам да се подготвувам. Следуваат даве месеци пеколна работа. Ги знам сите противници и може да се направи добра анализа за да направам добар резултат.

Martin borba na EP

Кој е тој добар резултат на Европските игри?

-Во најмала рака трето место!

И дома имаш силна конкуренција во твојата категорија над 84 килограми, како браќата Сашко и Жарко Арсовски, а до почетокот на оваа сезона и Симон Антиќ. Колку тоа влијае на резултатите?

-Секако дека има влијание на мојот квалитет. Тие се квалитетни каратисти. Колку е поголема и поквалитетна конкуренцијата толку сум и јас поквалитетен. На квалитетот големо влијание имаат и настапите во Премиер лигата. Така докажуваме дека може да се носиме и со светската конкуренција.

Металург е шампионски клуб, од кој излегле многу познати каратисти и секогаш има големи амбиции. Дали тоа ти беше голем товар кога премина во овој реномиран клуб?

-Кога поминав во Металург имав голем притисок, бидејќи имаа добри услови за работа и стабилен спонзор што не поддржуваше во се. Со текот на времето притисокот падна, посебно во 2008 година кога го освоив бронзениот медал на Европското првенство за јуниори во Трст, Италија. Тогаш сфатив дека колку ќе вежбаш толку и ќе оставриш. Малдите генерации се дополнителен позитивен притисок, зашто и тие се борат да не стигнат нас постарите каратисти, а, пак, ние така ја усовршуваме нашата форма за да бидеме подобри.

Размислуваш ли до кога ќе се бориш?

-Сега сум во најзрелите години и на крај памет не ми паѓа да размислувам за прекинување на спортската кариера.

reprezenatcija MartinШто ќе биде врв на твојата кариера?

-Да станам светски или европски првак. Тоа е врвот на секој спортист.

Од каде потекна љубовта кон каратето?

-Како мал сум бил потемпераментен, а гледав и многу филмови со Брус Ли,Стивен Сигал, Чак Норис, Џеки Чен, но и моите родители се занимавале со карате. Веројатно, тоа придонело и јас да се занимавам и толку време да останам во каратето.

Има ли некој наш каратист во тоа време што ти оставил посебен впечаток?

-Бев на еден турнир или државно првенство во салата „Расадник“ во Кисела Вода и таму го гледав Елвир Аломеровиќ (сега покоен, кој е носител на бронзен медал од Европскотоо првенство за јуниори во Софија 1997 година-н.з.), кој покажа многу добри борби. Ме воодушеви! Потоа ги гледав во клубот Гоце Петров Амир Беговиќ, Кире Геогиев…

Зошто сакаш да се занимаваш со карате и како е да се живее со таа философија? И, што би сакал да усовршиш во твоите техники?

-Тоа го имам, а и придонело да се изградам како личност. Да имам самодоверба, да бидам смирен. Тоа може да се забележи кај сите каратисти.

Сакам да ги усовршам сите техники, за да не бидам едноставен  и прочитан од моите противници, за потоа многу лесно да ме совладуваат.

Кога треба пред група деца да демонстрираш техника со која би требало да им всадиш љубов кон овој спорт, која техника ќе ја демонстрираш?

-Многу тешко прашање. Ќе направам комбинација од 5 до 6 техники рака-нога и на крај ќе завршам со чистење.

Precek na Martin Nestorovski vo klubot

Што размислуваше по автобусот кога се враќаше од Истанбул? Размиуслуваше што може да ти се случи во клубот?

-Тоа што се случи во клубот (пречекот) ниту на крај памет не ми паѓаше, бидејќи цело време по автобусот се правеа шеги на моја сметка, демек како ќе ги трошам парите…Бев тотално збунет. Повеќе во клубот отколку кога го освоив медалот во Турција.

Многу често сте на пат во Европа, па и надвор од неа. Што се случува на тие патувања? Како си поминувате?

-Се зависи од тоа кој оди на натпреварувањето. До сега претежно патувавме сами, каратисти од Металург, но последен пат одевме заедно со Макпетрол и беше многу интересно. А кога патуваме сами, најбитна работа е кој ќе фати подобри седишта за лежење. На почетокот имав поголема еуфорија да ги видам градовите, додека сега ми е се едно. Исто како да излегувам на кафе.

Што научи од тренерите Мирче Јанушевски и Дарган Градновски-Џеф, кои се со различни темпераменти?

– Во каратето многу, посебно во трехничкиот дел. А тие двајцата се плус и минус што си одговораат и функционираат како тим.

Martin so zname

Патот до медалот

Мартин Несторовски го освои бронзениот медал совладувајќи го Фелипе Реис од Португалија со судиска одлука откако борбата заврши 1-1. Претходно тој беше подобар од Лари Менгел (Естонија) 1-0, Микаил Давидов (Русија) 4-3, Шахир Атамов (Азербејџан) 0-0 –со судиско изјаснување, а за пласман фо финалето беше поразен од Слободан Битевиќ од Србија со 1-0.

Патот на медалите

– прогласен за најдобар каратист во 2008 год КФМ

*35.Европско јуниорско/кадетски шампионат – трето место

Трст – Италија

*7. Европски шампионат за региони трето место  Мадрид Шпанија

*  4. Европски универзитетски карате шампионат трето место

Поединечно и прво место екипно  – Кордоба, Шпанија

  • Балкански карате шампионат трето место поединечно и екипно – Лутраки, Грција
  • Медитерански карате шампионат трето место – Кушадаси

Турција

  • Европски универзитетски карате шампионат – трето место поединечно и второ место екипно – Сараево,  Б и Х
  • Прво место на првата Карате 1 Премиер лига поединечно во категорија +84 кг во организација на Светската карате федерација.
  • Европско универизетско првенство – Будимпешта – второ место –поединечно ( категорија +84 кг) и второ место во екипна конкуренција
  • Светски куп во Лашко ( Словенија) – трето место во + 84 кг.
  • 50-то Европско првенство за сениори Истанбул (Турција) – бронзен медал во категорија +84.

И други 70 медали на државни и меѓународн  првенства.

 ipon.mk/В. Донев