Има правда! Бразилската комисија ја преиначи победата на Леандро Силав во „No Contest“!

Добер и Силва
Добер и Силва

Бразилската атлетска комисија (CABMMA) ја преиначи победата на Леонардо Силва над Дру Добер во „No Contest“, односно меч без исход.

Судијата во октагонот, Едуардо Хенди, во втората рунда го прекина натпреварот, бидејќи сметаше дека Добер е во несвест поради гилотина која Леандро се обиде да ја изведе. Водството на CABMMA прво изјави дека не може да ја преиначи одлуката на судијата Хенди, но, сепак, тоа го направија.

Одлуката на судијата Хенди веднаш по мечот беше прогласена за најлоша во историјата на ММА. На сите им беше јасно дека Силва не може да го заврши Добер, затоа што Американецот беше во полугард, но судијата го прекина натпреварот и покрај противењето на Добер. Дру изјави дека Силва  на судијата му рекол дека тапкал, иако тоа не се случи. Бразилецот по средбата се правеше луд и изјави дека „мора да ја почитува одлуката на судијата во октагонот“.

Правдата е задоволена, а Едуардо Хенди никогаш повеќе не би требало да суди мечеви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО