СЕНЗАЦИЈА: Мејведер нокаутиран за време на спаринг мечот!

Mayweather-Floyd2

Флојд Мејведер Јуниор и Мани Пакијао се подготвуваат за заедничкиот меч, што ги чека на 2 мај во Лас Вегас, но од кампот на Мјеведер пристигна веста во која се вели дека во текот на спаринг борбата тој бил нокаутиран.

Во веста која ја пренесуваат некои медиуми, а кои се повикуваат на лице кое учествува во подготовките на Мејведер, но кое сакало да остане анонимно. На Мејведер спаринг партнер му е поранешниот светски шампион Заб Јуда, со кого „Мани“ се боксираше во 2006 година и го совлада со едногласна одлука на судиите.

Во текот на спарингот Јуда го погодил Мејведер во телото и тој завршил на подот, и тоа повеќе од десет секунди. Мејведер го избрал спаринг партнерот, бидејќи тој е брз и има контра гард. Пакијао е многу побрз отколку Јуда и може да му направи проблеми на досега непоразениот Мејведер, на кого, такво нешто, за време на подготовките не му се случило.

 Но, Јуда му создаваше многу проблеми Мејведер и во текот на нивниот меч во 2006 година, очигледно дека не го земал без причина за спаринг партнер.

 „Тоа не е невообичаено за боксер да добие тежок удар за време на спарингот и да заврши на подот. Но, Флојд добро го поднесе тоа. Тој стана и го продолжи спарингот до крајот“, изјави изворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО