Марк Колeман херојски ги спасил родителите од пожар! Легендарниот ММА борец не помина без последици

59-годишниот Марк моментално е хоспитализиран по големиот пожар во семејната куќа.

Страшна несреќа синоќа му се случи на Марк Колеман, легендарниот ММА борец. Според странските медиуми, Марк Колеман и неговите родители синоќа едвај преживеале пожар во нивната семејна куќа.

Според информациите кои ги соопшти Essentially Sports, пожарот настанал во кујната, а Марк Колеман во тоа време спиел. Колеман бил разбуден од куче за да го предупреди на пожарот, но пожарот многу брзо се проширил и ситуацијата станала повеќе од алармантна.

За среќа, Марк брзо реагирал и успеал да ги спаси родителите. Пензионираниот ММА борец прво го извадил татко си од дома, а потоа се вратил по мајка си на која наводно и била изгорена косата на главата, но животот и бил успешно спасен. За жал, Марк Колеман не успеал да го спаси кучето кое всушност го разбудило за да го извести за пожарот. Марк се вратил да го земе кутрото куче, но неговиот живот веќе бил згаснат.

Колеман не се извлече од оваа ситуација без последици. Вдишил чад и набргу завршил во болница. На социјалните мрежи кружат информации дека состојбата на Марк „не изгледа добро“ и многумина ги повикуваат неговите фанови да се молат за подобрување на неговото здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО