Познати противниците на Рустемовски, Лена и Насуфи на Белградски победник

Нашите боксери ги добија противниците на силниот Меѓународен боксерски турнир „Белградски победник“.

Ален Рустемовски е слободен во првото коло, а во полуфиналето го чека подобриот од Габриел Ескобар (Шпанија) – Виде Пркачин (Хравтска). Дион Лена и Алим Насуфи стартуваат од осминафеналето. Лена ќе се сретне со Аљаз Сирцеј (Словенија), а Насуфи со Ромео Буза (Унгарија).

Утре настапуваат Лена и Насуфи од 16 часот.

Турнирот е до 16 март и е генерална проба пред Европско првенство за сениори од 18 до 28 април во Белград.

Русија доаѓа со репрезентацијата која ќе учествува на ЕП.

Белградски победник:

57 кг
Полуфинале
Ален Рустемовски – Габриел Ескобар (Шпанија)/ Виде Пркачин (Хравтска)

63,5 кг Дион Лена – Аљаз Сирцеј (Словенија) 1/8 финале
71 кг Алим Насуфи – Ромео Буза (Унгарија) 1/8 финале

Фото: БФМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО