Манхоеф во четвртиот обид го победи Боњаски (ВИДЕО)

Светската фајтинг лига (World Fighting League) – ВФЛ пред полната сала во Алмере одржа уште еден успешен настан со осмофиналниот турнир во тешка категорија.

Во главната борба на вечерта Мелвин Манхоеф го победи Реми Боњаски за прв пат во четвртата средба. Сепак, треба да се каже дека се работи за поделена одлука.

Многу поголемиот Боњаски во првата рунда, освен во една ситуација, со удари со нога го задржа Манхоеф на дистанца. Два пати се закани и со летачко колено и висок удар, додека „Без милост“ се обидуваше со широки крошеа.

Манхоеф ја отвори втората рунда со два ниски удари (лоу кикови), а потоа го соборува противникот на подот. Боњаски прави главно пасивен притисок, додека Манхоеф почнува се почесто да го погаѓа телото со крошеа. Боњаски во обид со летечко колено излета од рингот.

Боњаски притиска на почетокот на последната рунда и го затвора противникот во аголот и погаѓа со ниски удари. Трикратниот победник за Големата награда на К-1 одлучи и остатокот на рундата исклучиво да го работи со нозе, за да може да го држи Манхоеф на дистанца, во што и успеваше.

„Летачкиот џентламен“ беше далеку од најдобрите денови, но впечаток е дека направи доволно за да го победи Манхоеф.

На Боњаски ова му беше првата битка од мечот со Кро Кап во март 2014 година, додека „Без милост“ објави дека ова му опростување од кикбоксот.

Пред почетокот на средбата Манхоеф рече дека бил во големи финансиски проблеми, а неодамна морал да ја продаде својата куќа за половина милион евра за да покрие дел од долгот.

41-годишниот Боњаски тежеше 102,5, а Манхоеф 94,3 килограми.

Манхоеф ќе го препушти своето место во четвртфиналето на борец кој ќе добие покана.

Во другите мечеви на Фајнал 16 на ВФЛ во тешка категорија, Фабио Кваси го елиминира Серкан Озџкаглајан.

Во првата борба од септември 2015 година Сахак Парпаријан со одлука на судиите е поразен од Романецот Андреј Стоица.

Полупензионираниот ветеран Анрикс Зова пружи одличен отпор против фаворизираниот Мурат Ајгун, но судиите на карјот победата му ја дадоа на Турчинот.

Редуан Каиро го доживеа четвртиот последователен пораз. Против Леви Ритгерс три пати се најде во нокдаун во првата рунда.

Фред Сикинг во уште еден возбудлива борба со поделена одлука на судиите славеше над јамајканско-холандскиот борец Хорас Мартин. „Бој Бој“ Мартин го победи Сикинг во првата меѓусебна борба во 2015 година со одлука на судиите.

ВФЛ Фајнал 16
Фабио Кваси – Серкан Озџаглајан (TKO, Р2)
Леви Риверс –  Редуан Каиро (TKO, Р1)
Ремон Велборен – Сем Тевит (едногласна одлука на судиите)
Фред Сиккинг – Бој Бој Мартин (поделена одлука на судиите)
Тарик Хабабез – Нордин Махајдин (едногласна одлука на судиите)
Мурат Ајгун – Анрик Зова (едногласна одлука на судиите)
Андреј Стоица деф. Сахак Парпаријан (едногласна одлука на судиите)
Мелвин Манхоеф – Реми Боњаски (едногласна одлука на судиите)

https://www.facebook.com/franco.sampieri.7/videos/10213456203215498/

https://www.facebook.com/franco.sampieri.7/videos/10213456803830513/

https://www.facebook.com/100008544404855/videos/1742828849345245/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО