Максам со младите надежи освои шест медали на турнирот во Брвеница

Maksam vo tetovo

На Меморијалниот кик бокс и граплинг турнир „Миле Богатиновски-Мастиче“ во Брвеница, Тетово, натпреварувачите од Центарот за боречки вештини „Максам“ од Прилеп освоија шест медали во кик бокс во дисциплината кик-лајт. 

Први места освоија: Стефан Сталески -60 кг, Христијан Граороски -67 кг, Наумче Трајкоски -81 кг; втори места: Енвер Салиевски -48 кг, Христијан Тасески -63 кг ( тренира само 6 месеци ,ова му е втора борба) и Игор Велески -71 кг на кого ова му бесе прв настап и прво искуство.

maksam borba tetovo

 -Учествувавме со шест натпреварувачи.Сите натпреварувачи беа со мало искуство, една-две борби. Сите се бореа одлично, посебно ако се има предвид дека се во тек летните одмори. Повеќето од нашите членови прифатија да се борат, а само што се вратија од годишни одмори, – велат од Максам.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО