Ристо Димитров-Чурино: Мотивиран сум да го совладам Билиќ пред неговата публика!

Curino pobednik vo FFC

Ристо Димитров-Чурино и официјално по втор пат ќе влезе во кафезот на европската организација „Фајнал фајт чемпионшипс“ (ФФЦ) на спектаклот што ќе се одржи на 18 септември во Линц, Австрија, каде што ќе се бори во категоријата до 66 килограми.

На 19 турнир на ФФЦ Димитров ќе се сретне со Австриецот Мануел Билиќ, кој дебитираше на „Фајнал Фајт 16“ во Виена против Драган Пешиќ, а борбата беше прогласена за најкрвава во историјата на оваа серија.

risto_dimitrov_georgios_vardis_600_skopje_2013

 Што значи повикот од ФФЦ за тебе да учествуваш на нивниот настан во Линц?

-ФФЦ е најдобрата промоција во овој дел на Eвропа и меѓу најдобрите на континетот, со најдобар тим, најплатена, со одлична организација и огромна гледаност низ светот. Тоа значи огромна промоција на мојот град, мојата земја и мене како борец. Значи, ова е голема чест за мене. Бидејќи само со нова победа можам да се наметнам како редовен учесник во оваа најсилна серија на нашите простори, ќе го дадам максимумот.

Дали беше во  некои преговори или повикот беше изненадување?

-Јас сум во постојан контакт со ФФЦ, тие ми понудија борба и пред неколку месеци, ама ги одбив. Таа покана беше за „Фајнал Фајт“ во Пореч, но морав да ја одбијам, бидејќи немав можност да се подготвам поради отсуство на тренерот, а и спаринг партнерот беше  во САД. Еве, сега добив друга понуда. Имам доволно време за подготовки и затоа прифатив.

Веќе имаш една победа во ФФЦ, на што може да се надева македонската публика во вториот настап?

-Во првиот мој настап го победив гркот Вардис и бев единствениот од четворицата Македонци кој забележа победа на големиот настан пред домашната публика во Скопје на ФФЦ 10. Тоа ми беше првата борба. Влегов без многу сознанија за мојот противник и донесов победа. За мојата втора борба го знам противникот. Гледав борби од него, тој е поискусен, се бори пред домашна публика, што е поголем поттик и мотивација за мене да го поразам пред неговите навивачи. По гледањето на неговите борби направивме тактика и тренирам специјално за него. Останува да видиме што ќе се случи во рингот, а таму, се е можно.

Противникот е репсектабилен и со искуство. Кои се неговите салби страни?

-За мојот противник дознав дека е млад и надежен спортист. Има австриски пасош и живее во Линц, значи ќе се бори пред своја публика. Знам дека дуелот со Пешиќ го нарекоа најкрвавиот во историјата, но не можам да речам дека Билиќ ме импресионираше. Мислам дека Пешиќ можеше да го заврши како сака, со полуга, со гушење, па дури и со нокаут. За неговите слаби страни не би коментирал, затоа што не се знае, секој тренира и гледа да си ги поправи слабите страни.

Како и каде ќе се подготвуваш до мечот, односно дали ќе имаш специјални тренинзи и тренери?

-Знаејќи ја нашата држава, нашите финансиски можности ќе немам специјални тренери, ама ќе имам специјален тренинг. Моментално имам тренер од Австралија, тренирам со многу респектабилни македонски борци, имам голема помош од домашни борци, професионалци, на кои сум и многу благодарен за укажаната помош. Продолжуваме јако. Морам да напоменам дека имам одзив на спонзори на кои им сум неизмерно благодарен, во пресрет излезе општина Битола, Градоначалникот Владимир Талески, советот на општина Битола и најголема благодарност до бирото КВ-ЛИНК од Битола и Иван и Бурлијовски, кои преку цела година ми помагаат и подржуваат во се.

Какви се понатамошните планови?

-Секој настап во ФФЦ се договараат борба по борба. Со победа ќе имам поголем успех и ќе потпишам договор за повеќе борби. Затоа ќе работам на подигнување на физичката подготвеност и на континуираните настапи во повеќе боречки вештини, за да можам да ја одржам формата на високо ниво.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО