Хозе Алдо им се закани со суд и на УФЦ и на Каел Сонен!

sonnen-bint

Според поранешниот борец на УФЦ, Каел Сонен, шампионот во перо категорија, Хозе Алдо е подготвен на законски дејства против него и организацијата за која се бори.

 Сонен изјави дека со него се поврзал бразилски адвокат и му се заканил со суд, ако не престане да го изнесува неточни податоци.

Причината е таа што Алдо се повлече од дуелот на УФЦ 189 поради повреда на реброто. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, рече дека објавентие фотографии од шампионот се на стара повреда.

„Добив повик. Беше адвокат од Бразил, кој се закани дека ќе ме тужи за ширење на лаги. Неговиот клиент беше Хозе Алдо. Ми рече дека нема да ме тужат, ако престанам да зборувам за повредата. Но, јас не сум ја измислил оваа вест. Таа беше изнесена за време на прес-конференција на УФЦ. Адвокатот ми кажа дека знае за тоа и дека повеќе од УФЦ нема да ги разгласуваат ваквите тврдења, бидејќи и на нив им се заканиле со суд. Претпоставувам дека тоа е вистината. Алдо ми се закани со суд, како и на УФЦ. Тоа е прилично голем блеф. Толку голем што ми се чини вистински“.” Можеби токму поради тоа од неодамна не сме слушнале ништо од Дана Вајт за повредата на Алдо.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО