Макпетрол победи во екипна конкуренција на „Никон опен“, а вкупно освои осум медали

Deni so site od Makpetrol na Nikon open 2016

На интернационалниот турнир „Никон опен“ КК Макпетрол земаа се закити со 6 медали во борби и 1 медал во кати, односно со  2 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали.

Deni prv ekipno Nikon open 2016

„Овој турнир беше исклучително силен, учествуваа претставници од 15 држави и над 650 натпреварувачи. Ние го искористивме како контрола пред Државното првенство за помладите категории за  натпреварувачи на возраст од 11-14 години, кое ќе се одржи во почетокот на мај, но постигнавме и забележителен успех кај сениорите. Во апсолутна категорија имаше и парични награди, обезбедени од страна на организаторот. Нашиот европски медалист, Абдурахим Идризи, освои златен медал во кати и беше неприкосновен. Ме радува и податокот што овој млад спортист покажува веќе и добри резултати во дисциплината борби.

Машкиот сениорски тим во борби исто така беше во финалето и го освои златниот медал. Спортистот Дејан Павлов е најуспешен каратист на овој турнир во сениорска конкуренција, тој освои три медали од кои еден златен во екипно борби , еден сребрен во најтешката дисциплина-борби во апсолутна категорија и бронзен медал во тежинската категорија над 78 кг.

Следна наша дестинација е турнирот од Карате 1 Премиер лигата Салзбург, Австрија. Таму сениорите ќе треба да изборат место во сениорскиот тим на Македонија, за претстојното Европско сениорско првенство, кое треба да се одржи во Франција“, рече тренерот на КК Макпетрол, Бошко Заборски.

Deni na piedestal vtor Nikon open 2016

Златни медали освоија :

  1. Абдурахим Идризи во категорија ката кадети машки
  2.  Машкиот Сениорски тим во категорија кумите сениори 18+ тим машки

Abdurahim prv na Nikon 2016

Сребрен медал во сениорска конкуренција освои:

  1. Дејан Павлов во категорија кумите сениори (18+) +78кг машки

Бронзени медали освоија:

  1. Орхан Билали во категорија кумите сениори (18+) +78кг. машки.
  2. Димитар Лозановски во категорија кумите У12 + 40кг машки
  3. Кристијан Бошковски во категорија кумите У14 – 45кг. машки
  4. Дејан Павлов во категорија кумите сениори (18+) ОПЕН машки

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО