Миоки најуспешен кај јуниорките и севкупен победник на Државното првенство за јуниори

Mioki od Bitola Drzavno juniori 2016

Со 4 златни, 3 сребрени и 4 бронзени Џудо клубот Миоки беше најуспешен клуб кај јуниорките и севкупен победник на Државното првенство за јуниори во Битола.

Mioki junior Edi Serifovski Drzavno bitola 2016

 Наталија Динова (-52 кг), Магдалена Бојаџиска (-63 кг), Ангела Велковска (-78кг) ги освоија први места кај јуниорките, додека пак Хамза Јашари (-60 кг) го освои прво место кај јуниорите.

До финалето стигнаа и Ивана Никодиноска (-52 кг), Кристина Јазаџиќ (-63 кг) и Еди Шерифовски (-73 кг) и завршија како второпласирани, додека на трето се пласираа Берна Шерифовска (-57 кг), Христина Дескова (-63 кг), Никола Мајновски (-60 кг) и Ангел Динов (-73 кг).

Mioki na sobri Bitola 2016

„За жал, Шерифовска со поразот во втората борба заработи повреда, по која не беше во можност да го продолжи натпреварот, а ќе биде отсутна и од натпреварите кои следат во наредните 30 дена додека не заврши процесот на рехабилитација“, изјави тренерот Игор Паскоски за најдобрата џудистка во 2015 година.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО