Погледнете како Рој Џонс Јуниор го нокаутира обожавателот (ВИДЕО)

Vyron-Phillips

Овој викенд се одржа поприлично занимлив УР Фајт настан. Публиката во Аризона ја забавуваа Рој Џонс Јуниор, Реј Мистерио, Курт Енгле, и Мајкл Биспинг и Каел Сонен.

Боксерската легенда во оваа прилика се сретна со „среќен“ приврзаник кој имаше можност да победи и да зарбаоти 100 илјади долари. Храбариот обожавател е Вајтон Филипс, инаку ММА борец кој во текот на кариерата остварил пет победи и три порази. Неговото боксерско деби не помина онака како што тој го замислил, при што 33-годишниот борец останаа без награда, а го напушти рингот како борец, кој поранешниот шампион во бокс го нокаутира во втората рунда.

https://youtu.be/Nr4xJJFyRmA

Во кечерската пресметка Мистерио се покажа како поуспешен од Енгле, а „граплинг“ дуелот меѓу Сонен и Биспинг заврши без победник, бидејќи ниту еден од нив не го присили противникот на победа.

Во единствениот ММА меч кој беше во главниот дел на вечерта, Шенон Рич го давеше Харви Маврик во почетокот на првата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО