Макпетрол на висински подготовки во Маврово (ФОТО)

Каратистите на Макпетрол се на зимски подготовки во традиционaлната база Маврово, каде што времето е прекрасно и мами многу љубители на чистиот возух и снегот.

Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, во првиот дел од зимските подоготовки за натпреварите што следуваат во 2018 година повика 12 каратисти.

„Во Маврово остануваме до 7 јануари, потоа заминуваме дома за да може каратистите да го поминат Божиќ во кругот на семејството, разбирливо, за оние што го слават. Потоа продолжуваме со вториот дел, односно подготовките за првиот настап во годинава на Премиер лигата – Париз опен. Следни се подготовките на нашите натпреварувачи за Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Сочи, Русија, во февруари“, истакна Заборски.

Тренерот на Макпетрол вели дека времето е прекрасно и како да е создадено за подготовки, а посбена придобивка е чистиот воздух.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО