Помладиот „брат“ на Хабиб Нурмагомедов потпиша за УФЦ

Хабиб Нурмагомедов минатиот викенд ја оствари својата 25 последователна победа во професионалната ММА кариера. Тој исто така е непоразен, а минатата сабота издоминира во три рунди против опасниот Едсон Барбоза. Борците кои по потекло се од Дагестан од каде што потекнува и Хабиб се познати по тоа што се многу добри и одлични борачи.

Сега Хабиб преку неговиот Инстаграм профил се пофали дека неговиот брат (братучед) исто така е дел од листата на УФЦ. Неговото име е Абубакар Нурмагомедов и неговото деби за УФЦ ќе биде на УФЦ Фајт најт 125. Абубакар има многу добар MMA скор од 14 победи и само еден пораз кој го доживеа од УФЦ борецот Магомед Мустафаев од пред неколку години на „Сочи стар клуб – Сочи стар турнир 1“. Тој ја изгуби таа борба така што лекарот ја прекинал борбата поради исеченица.

Зад себе има шест последователни победи и своите последни борби ги одработи во ВСОФ, последен противник ме беше Мет Секор, кој го победи со едногласната одлука на судиите по три рунди на ВСОФ 35 во март 2017 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО