Макикоми севкупен победник на „Миоки опен 2018“, Дрим и Пролетер најуспешни во возрсни категории

Макикоми од Србија е севкупен победник на Меѓународен џудо турнир „Миоки опен 2018“ што се одржа вчера во Скопје, од нашите екипи со успехот по возрасни категории се издвоија Дрим и Пролетер.

Во У-11 момчињата на Дрим се најуспешни, а девојките на Катерини (Грција).

Момците на Пролетер и девојките на Тројан (Бугарија) се најдобри во У-13.

Макикоми (Србија) и Катерини (Грција) се најуспешни во У-15 мажи и жени.

Кадетите на Макикоми и кадетките на Тројан (Бугарија) се пред своите конкуренти во У-18.

На турнирот настапија 300 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Романија, Косово.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО