Македонија со седум борач(к)и на Светското првенство во Белград ќе брка олимписки норми

Утре во Белград почнува Светско првенство  во борење за сениори, на кое Македонија ќе настапи со 7 борачи.

За нашата репрезентација ќе настапат:

16-17 септември
61 кг Бесир Алили
70 кг Фати Вејсели
86 кг Дејан Митров

17-18 септември
57 кг Владимир Егоров
74 кг Расул Шапиев
79 кг Ахмад Магомедов

18-19 септември
97кг Магомедгаџи Нуров

20 септември
50 кг Вероника Рјабоволова

Светското првенство е прв квалификациски турнир за олимписка норма за Олимписките игри во Париз 2024 година.

Така, момците и девојката на тренерите Бобан Данов, Суфијан Исмаили и Могамед Ибрагимов ќе имаат двоен мотив во голема конкуренција, бидејќи руските и белоруските борачи ќе настапат како независни/ неутрални.

На СП ќе настапат над 800 борачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО