Македонецот Александар Волкановски ќе се бори за светската титула на УФЦ против Макс Холовеј

Борбата за титула во перо категорија на УФЦ сега е официјална. Шампионот Макс Холовеј ќе ја брани против опасниот предизвикувач Александар Волкановски на УФЦ 245 на 14 декември во Лас Вегас.

Холовеј е во серија од 13 последователни победи во перо категорија и успеа три пати да ја одбрани титулата со победите над Жозе Алдо, Брајан Ортега и Френки Едгар.

Годинава имаше две средби и во април не успеа да стане двоен шампион. Тој загуби со одлука судиите од Дастин Пориер во меч за привремената титула во лесна категорија, така беше сопрена неговата низа од 13 последователни победи и му беше прв пораз по 6 години. Кон крајот на јули, Холовеј се врати и доминираше против Френки Едгар, при што го одбрани појасот.

Од друга сртана, Волкановски е во серија од 17 последователни победи и неговиот ММА скор е 20 победи и 1 пораз. Александар не загуби во последните 6 години и во последната битка во мај во Бразил успеа да го победи со одлука на судиите Жозе Алдо. Волкановски имаше сериозна инфекција на стапалото по средбата, но се опорави и сега ќе се обиде да го детронизира шампионот во категоријата.

Да потсетиме дека Волкановски е Македонец по потекло од битолско кој живее во Австралија. Александар Македонски ќе биде првиот Македонец што ќе се бори за светска титула на УФЦ. Лас Вегас е местото каде што може да добие голема поддршка од Македонците во САД и Канада.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО