Бугарски боксер почина во рингот во Скадар

69

Бугарскиот боксер Исус Величков почина за време на меч на турнирот „Скадар боксинг најт“ во Скадар, пишуваат албанските медиуми.

Величков боксирал против домашниот боксер Ардит Мурја кога во петтата рунда примил неколку удари и паднал. Бугаринот паднал во бесознание, а медицинските екипи се обиделе да го освестат, но безуспешно. Боксерот бил пренесен во боница, но лекарите не успеале да го вратат во живот.

Според првичните информации, Величков починал од срцев удар. Не е познато на која возраст бил починатиот спортист.