Дана Вајт: Хабиб треба да се бори со Тони Фергусон, но има опции и за супермеч со Сент Пјер

Дана Вајт гласно размислуваше за идните планови на организацијата за шампионот во лесна категорија. Претседателот на УФЦ тврди дека Хабиб Нурмагомедов мора да ја брани титулата против Тони Фергусон, кој е неоспорен предизвикувач и беше привремен шампион минатата година. Фергусон е во серија од 12 последователни победи и нема кој да го посмести од тоа место во категоријата.

Тие претходно имаа четири обиди за борба, но повредите ги спречија да се сретнат во кафезот. Сега УФЦ ќе се обиде да ги соедини по петти пат, но има некои опции за резервна варијанта. Вајт вели дека Жорж Сент Пјер и Конор Мек Грегор се исто така во игра за титулата и можат да добијат шанса, но само доколку Фергусон не може да се вклучи:

„Конор ќе се бори на почетокот на следната година. Што се однесува до Хабиб, ќе мора да се случи борба меѓу него и Тони Фергусон. Веќе се обидовме да ги составиме 4 пати и се надевам дека и овој пат ќе успееме. Ова е битка што има смисла.

Се разбира, би можела да се случи и супербитка меѓу Хабиб и Жорж Сент Пјер. Прво, да видиме што се случува со Тони. Имаше шанси во минатото, но не сакаше да ги прифати и ако повторно го стори тоа, ќе имам интерес за меч меѓу Хабиб и ЖСП.

Да, можна е втора борба со Мек Грегор. Мислам дека Конор ќе мора да се бори со некого пред да добиешанса за титулата. Борбата меѓу Хабиб и Фергусон ќе се случи. Постојат многу опции и мора да видиме како ќе одат работите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО