Ветераните на УФЦ си зададо тешки нокаути на бокс без ракавици (ВИДЕО)

Кен Шамрок го направи првиот платен настан во бокс со голи раце во Северна Дакота. Неговата организација Валор бер накл ги спротивстави ветераните на УФЦ, кои пружија здрави борби со голи раце, во кои видовме и тешки нокаути. Поранешните борци на УФЦ, Марк Годбер (2-1 УФЦ) и Џек Меј (0-2 УФЦ) се соочија на турнирот во тешка категорија. Нивната битка траеше само 50 секунди, што беше доволно Годбер ѕверски да го нокаутира противникот.

Во другиот меч на турнирот, Мајти Мо Силига со нокаут го совлада Рамау Тиери Сокуџу и со тоа ќе го дочека Марк Годбер во борбата за титулата во тешка категорија во организацијата на Шамрок. Во другите борби видовме нокаут меѓу поранешните борци на УФЦ Џејмс Мек Свини и Лавар Џонсон. Нивната борба траеше само 27 секунди во која Џонсон победи со нокаут.

Резултати:

Марк Годбер го совлада Џек Меј со КО во 1Р, 0:50

Мајти Мо го совлада Рамау Тиери Сокуџу од ТКО 3 Р, 1:26

Ише Смит со одлука го победи Естеван Пајан

Мајк Ричман – C.Ц. Лемас – не се одржа

Лавар Џонсон го победи Џејмс Мек Свини со КО 1Р, 0:27

Крис Јенсен го победи Зак Тумб од ТКО 1Р, 2:42

Џошуа Дајер го совлада Дејне Сајерс со КО 1Р, 2:22

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО