Енди Руиз: Целта ми е да станам неоспорен шампион

Шампионот во тешка категорија Енди Руиз ги држи титулите на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО и има за цел да ја освои и онаа на ВБЦ и да стане неоспорен шампион.

Тој во декември ќе ги брани титулите против поранешниот шампион Ентони Џошуа во Саудиска Арабија. Пред неколку месеци, Мексиканецот успеа да го победи Е.Џ. со нокаут и го симна од тронот. Руиз се подготвува за уште една победа и смета дека ќе го постигне тоа за неколку месеци.

Големата цел пред првиот мексикански шампион во тешка категорија во историјата на боксот е да стане неоспорен шампион. Енди ќе мора да ја освои титулата ВБЦ, која е во сопственост на непоразениот шампион Дионтеј Вајлдер, а тоа дефинитивно нема да биде лесна задача. Руиз не го потценува Џошуа, но се гледа себеси како победник во реваншот, по што ќе води битки против Фјури и Вајлдер:

„Не сакам да го потценам Ентони Џошуа и да гледам преку него. Поголедот ми е насочено кон наградата во оваа борба и по победата ќе можам да се борам со Дионтеј Вајлдер или Тајсон Фјури. Сега ми недостасува еден појас. Треба да освојам уште еден појас за да станам неприкосновен шампион и тоа е мојата цел.

Сакам да го победам Џошуа уште еднаш, затоа што имаше многу критичари кои постојано велеа дека сум имал среќа и ќе загубам во реваншот. Ја користам целата негативна енергија и ја претворам во позитивна. Ќе победам и во втората средба. И благодарам на сите што ме поддржуваат. На оние, што не ме поддржуваат, ќе и кажам да видат каде сум сега“.

https://www.instagram.com/tv/B2pPXp7FFry/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО