Холифилд: Му простив на Тајсон за гризнатото уво, зарботив 35 милиони долари

Поранешениот легендарен боксер во тешка категорија Ивандер Холифилд раскажа дека му простил на Мајки Тајсон за одгризаното уво. Инцидентот се случи за време легендарниот меч за титулата пред повеќе од 20 години.

„Дефинитивно тоа беше лош момент, но имаше и позитивни страни. Спечалив 35 милиони долари и станав светски шампион. Но, најважно од се е што научив да простувам. Ако не простуваме, тогаш се убиваме од внатре. Што и да се случи, треба да се прости. Го сфатив тоа благодарение на вербата во Бога. Не можам да го наречам Мајк пријател, но немам ништо против него. Човек не може да биде пријател со сите. Не сум направил ништо лошо спрема него, но има нешто што го прави да се чувствува непријатно во мое присуство – бев повеќе пати светски шампион од него”, раскажа Холифилд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО