Мајкл Биспинг ја продолжува соработката со УФЦ

Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија Мајкл Биспинг го продолжи партнерството со УФЦ за уште четири години.

Англичанецот ја имаше својата последна борба кон крајот на ноември 2017 година кога загуби со нокаут во првата рунда од Келвин Гастелум.

Потоа стана коментатор за најсилната светска ММА организација.

„Ќе потпишам нов четиригодишен договор со УФЦ и ќе продолжам да работам како коментатор. Јас сум повеќе од благодарен за тоа. Голема благодарност до Дана Вајт. Навистина сум опседнат со овој спорт и чест ми е да ги коментирам борбите за најголемата промоција во историјата“, напиша Мајкл Биспинг на Твитер.

Англичанецот често коментира за емисиите на УФЦ Фајт најт, а му беа дадени неколку можности на емисиите на ППГ. Многу фанови го следат и неговиот подкаст „Верувај ми“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО