Хајбулаев во финалето на ПФЛ-турнирот против Вејд, Цезар Фереира с еповреди по 13 секунди

Познати се и последните финалисти на овогодинешниот ПФЛ турнир. Дагестанецот Мовлид Хајбулаев и Американецот Крис Вејд ќе се борат во финалето на перолесна категорија, а Бразилецот Антонио Карлос Јуниор и Норвежанецот Мартин Хамлет ќе ги одмерат силите за титулата во лесна категорија.

Веќе е познато дека Магомед Магомедкеримов и Реј Купер III ќе настапат во финалето од велтер категорија, Лоик Раџабов и Рауш Манфио во лесна категорија, а Хравтот Анте Делија во тешка категорија против Бруно Капелоца. Кајла Харисон и Тејлор Гвардадо ќе се натпреваруваат во финалето за жени во лесна категорија.

Во полуфиналето на перо категорија Мовлид Хајбулаев го совлада фаворизираниот Брендан Лофнане по тешка борба со поделена одлука на судиите, а во вториот меч Крис Вејд беше нешто поубедлив против Буба Џенкинс.

Мечот во полутешка категорија меѓу Мартин Хамлет и Цезар Фереира заврши по само 13 секунди. Имено, по ударот со левата нога Фереира го фати квадрицепсот на десната нога и заврши на земја со болна гримаса.

Судијата ја прекина борбата и Норвежанецот почна да слави. Во второто полуфинале Антонио Карлос Јуниор победи со едногласна одлука на судиите против победникот од минатата сезона, Емилијано Сорди.

Главна програма ПФЛ 9:
Мовлид Хајбулаев – Брендан Лофнејн-поделена одлука (30-27, 28-29, 29-28)
Крис Вејд – Буба Џенкинс-едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Антонио Карлос Ј. – Емилијано Сорди-едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Мартин Хамлет – Цезар Фереира – ТКО, Р1 (0:13)

Воведни борби:
Шејмон Мораеш – Лазар Стојадиновиќ – ТКО,Р 2 (4:45)
Крис Камоци – Кори Хендрикс-едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Ентони Дизи – Џеси Штирн-едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Боби Моффет – Џејсон Најт-едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Алехандро Флорес – Карл Дитон III-поделена одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Брендон Џенкинс – Џејкоб Килбурн – КО. Р1 (2:56)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО