Ја заспа противничката со кроше, а со висок ножен удар ја прати на подот (ВИДЕО)

Поранешната натпреварувачка на Белатор, Емили Дакота, ја одбрани титулата шампион во слака категорија против поранешната членка на УФЦ, Даниела Тејлор на 44 -тиот настан на Инвикта.

Тоа беше прва одбрана на титулата на Емили и стигна до тоа на многу импресивен начин со нокаут во првата рунда.

Таа најпрво ја удри противничката со десно кроше кое речиси ја заспа на нозе, а потоа ја испрати на подот со висок ножен удар.

Судијата во тој момент ја прекина борбата. Овој нокаут сигурно ќе си го најде местото меѓу најдобрите во оваа година, а како изгледаше можете да погледнете во видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО