Мајкал Џордан за влакно изебегал од тупаниците на Мајк Тајсон!

majk-tajson1

Мајк Тајсон е еден од најдобрите боксери во историјата на овој спорт. Но, со текот на времето сите негови успеси успеаја да паднат во втор план поради разно-разните инциденти на Американецот, во кои се вплеткуваше по своја или туѓа вина. Еден од тие инциденти го опишува во својата книга и Рори Холовеј, неговиот долгогодишен менаџер и пријател.

„Тајсон седеше и си го пиеше својот коктел, а јас упорно му зборував на келнерот да му го разблажува пијалокот затоа што претпоставував дека ќе има проблеми. Постојано гледаше во Мајкл Џордан и во еден моменти викна: ’Еј, човече. Мислиш дека сум глуп? Мислиш дека не знам дека спиеше со мојата девојка?“ – пишува Холовеј и продолжува опишувајќи го настанот:

Џордан изгледаше како да видел дух, сакаше да побегне. Тајсон потоа се сврте кон тренерот Мајк и му испали: Мислиш дека некој се плаши од тебе? Сиот тој расизам кој го пласираше, мислиш дека си опасен?“ – пишува Холовеј во својата книга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО