Мајк Тајсон го пофали настапот на Нгану против Фјури: Вистинскиот шампион на вечерта! (ФОТО)

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану дебитираше во бокс минатиот викенд и покрај поразот од Тајсон Фјури, Камерунецот остави одличен впечаток.

Нгану загуби со поделена одлука на настанот во Ријад, но ги освои симпатиите на љубителите на боксот ширум светот.

Камерунскиот удирач, без оглед на скромните боксерски познавања, понуди голема битка, а Фјури, како што самиот призна, најтешката борба во последните десет години.

Посебно за паметење ќе биде моментот во третата рунда кога Нгану го собори Фјури со лево кроше.

Денеска многумина му се восхитуваат на Камерунецот кој одлично се подготви за мечот против Кралот на Ромите, а еден од позаслужните за тоа е боксерската легенда Мајк Тајсон.

Имено, Ајрон Мајк учествуваше на подготовките на Френсис и е еден од ретките кои пред мечот предупредија дека Нгану може да му создаде проблеми на Фјури. Така беше.

По настанот, еден од најголемите боксери во светот го пофали настапот на Френсис Нгану:

„Вистинскиот шампион на вечерта! Горд сум на твојот настап“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО