Мачида: Рокхолд ќе излезе погрозен по двобојот!

lyoto-machida-ready

Поранешниот шампион во полутешката категорија и актуелен борец во средна, Лиото Мачида, сака сите да знааат дека тој е убеден во победата со Лук Рокхолд овој викенд . 

Во последното интервју за бразилскиот сајт Combate, Мачида изјави дека Рокхолд ќе си замине погрд отколку што влегол во октагонот.

„Знам дека луѓето многу зборуваат за овој меч, но не им обрнувам внимание. Целосно сум фокусиран на мојата стратегија. Во моментов, не е важно кој е поубав. Техниката, волјата – ова се најважните работи. Се обидувам со секој поминат ден да бидам што покомплетен борец, така што на моите навивачи да им биде пријатно кога ги гледаат моите средби. Но, знам едно нешто – сакам од мечот да излезам на ист начин како и што сум влегол. Некој од оваа средба ќе излезе погрозен, а тоа ќе биде Рокхолд“.

Двајцата ќе се борат на главниот настан на УФЦ на ФОКС 15 овој викенд. На кого ќе се обложите?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО