Македонија домаќин на Европското првенство во кендо!

Kecko i pretsedatel na kendo fder

Претседателот на Европската кендо федерација, Алан Дукарне, во придружба на техничкиот секретар, Жан Пјер Раик, во просториите на Агенцијата за млади и спорт остварија средба со директорот Марјан Спасески.

Целта на посетата беше добиената кандидатура на Македонија за претстојното Европско првенство во кендо.

Имено, на тековниот шампионат во Клермонт Фернанд на Генералното собрание на Европската кендо федерација, со акламација беше прифатена кандидатурата на Република Македонија и нашата кендо федерација за организација на Европското првенство во Македонија.

Најавено е учество на над 700 натпреварувачи од 40 земји на стариот континент. Седмото Европско првенство во кендо ќе се одржи во период од 14-17 Април 2016 година во Скопје.

Нашата најголема сала „Борис Трајковски“ ја доби организацијата на ова ЕП врз база на портфолиото на реализирани големи настани во изминатите години.

ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО