Лутиот Вајлдер: И ако мојот мозок се разлеташе по подот како на Фјури, ниту јас не би се борел

Дионтеј Вајлдер сé уште планира да се бори на 18 мај.

Овој датум беше првично закажана за реваншот со Тајсон Фјури, но тој го откажа дуелот со ВБЦ шампионот и планоира повторна средба во рингот во друга прилика.

Се очекува Вајлдер во наредната борба да ја брани титулата против Доминика Бризил. ВБЦ нареди борба за привремената титула меѓу Бризил и Дилиен Вајт, но со обѕизр новиот развој на настаните реални би било Американецот да добива шанса која ја чека од ноември 2017 година.

Минатата недела, откако го потпиша договорот со промоторот Топ ранг и телевизиската куќа ЕСПН Фјури преку социјалните мрежи му испрати порака на Вајлдер:„Ќе се борам против кого било во светот на боксот, немој да ја користиш политиката во боксот, за да избегаш да ме предизвикаш мене, вистинскиот шампион“.

Вајлдер одговори откако дозна дека нема ништо од реваншот.

„Расејан си. Знаевме дека тоа го рече само затоа што знаеше дека нема да се бориш со мене во следната борба. Ти, кој стана славен на другите, бараше прво борба за загревање. Но, не те обвинувам. Ако мојот мозок се разлеташе така по подот, веројатно ниту јас не би размислувал така“.

Првата борба меѓу Вајлдер и Фјури во декември минатата година заврши без победник со одлука на судиите. Вајлдер двапати за време на мечот го уриваше Британецот, но генералниот впечаток е дека Фјури, и покрај тоа, требаше да ја однесе победата.

https://www.youtube.com/watch?v=VfrcIu4DVuE

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО