Бубевски, Божиновски и Најдовски во 10-те најуспешни спортисти на Битола за 2018-та, Филип Кузмановски најдобар

Ракометарот на Еурофарм Работник, Филип Кузмановски,  е најдобриот спортист за 2018 година на Битола, за настапите на ЕП во Хрватска, се квалификува со Еурофарм Работник за групната фаза на ЕХФ Купот и презими како есенски првак во Суперлигата. Меѓу 10-те најдобри спортисти на Битола двајца се од боречките спортови – Никола Бубевски Кик бокс клубот Енерџи, Филип Божновски од Нинџицу клубот Битола и Александар Најдовски од БК Пелистер, додека БК Пелистер е трет во најуспешните клубови.

Покрај Кузмановски во десетте најдобри се:

2.Борче Стојановски (Боди-билдинг клуб Сити Џим)
3.Ана Ивановска (СК РЕК Битола)
4.Горан Тромбев (Боди-билдинг клуб Алфа фит)
5.Никола Бубевски (Кик-бокс клуб Енерџи)
6.Изабела Димовска (ОК Пелистер волеј)
7.Филип Чурлевски (РК Еурофарм)
8.Филип Божиновски (Нинџицу клуб Битола)
9.Габриела Величковска (ЖРК Пелистер)
10.Александар Најдовски (БК Пелистер)
10.Нора Мемедова (КК Пелистер)
10.Олгица Стојановска (Фитнес Сити Џим)
10.Елеонора Димковска (КГС Партизан)
10.Спасе Петровски (АК Олимп)

За најдобар клуб за 2018 година е прогласен ракометниот клуб Еурофарм Работник, пред ЖРК Пелистер и БК Пелистер. Оливера Наковска-Бикола е најдобар спортист со инвалидитет, а признанија добија и ветераните Томислав Јурак, Александар Грбевски и Бранко Дуковски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО