Луис Паломино заболен од тешка форма на Ковид-19 заврши во болница: Се ме боли, не сум јадел 12 дена

Поранешниот ММА борец и актуелен шампион на БКФЦ, Луис Паломино, се разболе од тешка форма на КОВИД-19 и заврши во болница.

Тој на социјалните мрежи објави видео од болничкиот кревет во кое ја објасни својата ситуација.

„Се борам со делта сојот на коронавирусот. Не јадев 12 дена, не можам да пијам вода, имам голема главоболка, ме боли целото тело, а имам висока температура од првиот ден и се уште трае. Целото тело ми се вкочани. Не спијам повеќе од два или три часа, добив панкреатитис, моето повраќање сега се намали откако ги земав лековите“, рече Луис Паломино и продолжи:

„Тешка пневмонија и течност во двете белодробни крила. Развив дијабетес од стероиди инјектирани во мене и ја добив првата доза на инсулин во мојот живот. Списокот продолжува … Јас сум шампион и ова нема да ме победи. Ќе се вратам наскоро, ви благодарам на сите за бескрајната љубов и поддршка. Ми давате сила“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО