Ајхан Озмен е во полуфиналето на боксерскиот турнир „Марибор куп“

Ајхан Озмен (-75 кг) се пласира во полуфиналето на Меѓународниот боксерски турнир „Марибор куп“ во Марибор, Словенија, каде што ќе се сретне домашниот боксер Бегај Флоријан.

Во четвртфиналето Ајхан Озмен го победи искусниот првотимец на чешката репрезентација Коран Јакуб со едногласна одлука од 5-0 , а во првата и втората рунда на Чехот му броеја.

На овој турнир настапи и неговиот брат Илхан (-64 кг), кој, за жал, загуби од домашинот боксер Крее Струкел Синај со тесен резултат од 3-2.

„Очекуваме нашиот репрезентативец, кој е член на БК Универзалци да атакува на златниот медал на ова престижно натпреварување“, вели тренерот Васко Цубалевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО