Стипе Миочиќ: Подготвен сум да се борам со Џон Џонс

Легендата Стипе Миочиќ е подготвена да се бори со друга легенда Џон Џонс. Тиер беа подготвени за борба пред години, но на крајот немаше судир. Сега Џонс се подготвува за дебито во тешка категорија, а иднината на Миочиќ е нејасна.

Во тешка категорија, следи битка за обединување на титулите еѓу Френсис Нгану и Сирил Гане. Ова ги остава Миочиќ и Џонс надвор од игра следната половина година.

Дана Вајт веќе изјави дека Миочиќ е подготвен да се бори со Џонс, но таборот на Џон го одби овој предлог. „Коски“ се интересира само за титулата, а Миочиќ исто така сака да си го врати појасот.

Не е јасно што ќе се случи во тешка категорија.

„Во септември ќе седнеме да разговараме со Дана Вајт. Ќе видиме што ќе се случи по нашата средба. Се надевам дека ќе има извесност следниот месец. Вајт ми пишува и преговорите се во тек.

Многу би сакал реванш со Френсис Нгану. Дефинитивно се стремам кон тоа. Нема да кукам за таква борба, но мислам дека го заслужувам тоа. Се уште не сум ја гледал нашата втора битка.

Многу работи можеа да бидат подобри. Ми зададе добар удар. Што да се прави ? Таков е боречкиот спорт. Ќе се борам со сите“.

Целта ми е да се борам со Џон Џонс. Тој е еден од најголемите на сите времиња. Би било одлично да се има таква битка во статистиката“, вели за своите планови Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО