Линарес ја брани титулата против олимпискиот шампион Кемпбел

Жорге Линарес (42-3, 27 КО) на 23 септември во Лос Анџелес по втор пат ја брани титулата на ВБА во лесна категорија рпротив Лук Кембел (17-1, 14 КО).

31-годишниот Ел Нињо де Оро (Златното момче) ВБА појасот го освои и прв пат го одбрани против Британецот Ентони Крола. Боксерот од Венецуела ги освојуваше титулите во перолесна категорија, супер лесна и лесна.

Британецот Кемпбел на Олимписките игри во Лондон во 2012 година го освои златниот медал во бантам категорија. Како професионалец дебитираше во средината на 2013 година, а во последната борба во април со технички нокаут во деветата рунда го совлада поранешниот светски шампион Колумбиецот Дарлеис Перез. Единствениот пораз го доживеа пред две години од Французинот Иван Менди со поделена одлука на судиите.

https://youtu.be/7VXm0uK0Y94

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО