Кумите тимот го освои четвриот сребрен медал и вкупно седмиот за Македонија на ЕУИ во Загреб

Го освоивме четвртиот сребрен медал во екипна конкуренција во борби на карате турнирот на Европските универзитетски игри (ЕУИ) за боречки спортови во Загреб, Хрватска, што е голем успех за нашиот состав со седум освоени медали – 4 сребрени и 3 бронзени.

Сепак, треба да жалиме што во четирите финални борби нашите каратисти не извојуваа победа за да му дадат уште поголема тежина на успехот.

Македонскиот машки тим во финалето со Украина водеше тешка борба и на крајот со минимален резултат загуби 2-3.

Сребрени медали освоија: Моника Пендаровска (-61 кг), Петар Заборски (-75 кг), Сара Радичевска (50 кг) и машкиот тим во борби.

Бронзените медали се за: Петар Спасеновски (-84 кг), Ангела Мојсовска (-61 кг) и женскиот кумите тим.

Резултати
мажи кумите
Македонија – Романија 5-3
Македонија – Турција 2-1
полуфинале 
Македонија – Словачка 2-1
финале
Македонија – Украина 2-3

-60 кг
Горан Николовски – Микола Хормик (Италија)

-67 кг
Давид Петков – Лео Кејп (Велика Британија) пораз
Роберто Ацковски – Џанлука де Виво (Италија) 0-3

-75 кг
Петар Заборски – Аркадио Гарсија (Шпанија) 3-2
Петар Заборски – Марин Бркиќ (Босна и Херцеговина) 1-1
Петар Заборски – Марко Мартиновиќ (Србија) 1-1
Петар Заборски – Али Ешсиз (Турција) 2-0
Финале
Петар Заборски – Менсур Џозиќ (Босна и Херцеговина) 2-5

-84 кг
Петар Спасеновски – Томазо Турки (Италија) 4-0
Петар Спасеновски – Селим Јавуз Оруџ (Турција) 0-0
Петар Спасеновски – Марчин Криковски (Полска) 4-1
Петар Спасеновски – Грег Андресон (Велика Британија) 1-2
За бронза
Петар Спасеновски – Андреа Бартоломеи (Италија) 5-0

жени кумите
Македонија – Романија 10-1
Македонија – Босна и Херцеговина 8-7
полуфинале 
Македонија – Авсатрија 1-1 (0-1)
За бронза
Македонија – Италија 2-0

-50 кг 
Сара Радичевска – Кармен Зеа Клемент (Унгарија) 2-0
Сара Радичевска – Андријана Чрнкова (Чешка) 7-0
Сара Радичевска – Соломија Кмит (Украина) 0-0
Финале
Сара Радичевска – Јелена Пехар (Хрватска) 0-2

-55 кг
Симона Заборска – Фарнческа Манџијакапра (Италија) 2-0
Симона Заборска – Лаура Хофман (Луксембург) 1-0
Симона Заборска – Хана Куклова (Словачка) 3-4

-61 кг
Моника Пендаровска – Ива Клепиќ (Босна и Херцеговина) 3-0
Моника Пендаровска – Зејнер Кокбибер (Турција) 8-0
Моника Пендаровска – Ана-Јохана Нилсон (Шведска) 4-1
Моника Пендаровска – Дијана Шостак (Украина) 1-0
Финале
Моника Пендаровска – Зенира Бектеш (Босна и Херцеговина) 0-1

68 кг
Ангела Мојсовска – Каролина Клепацка (Полска) 4-0
Ангела Мојсовска – Марија Кијара Гурадо (Италија) 4-0
Ангела Мојсовска – Јулија Пичлер (Австрија) 4-2
Ангела Мојсовска – Анита Тадиќ (Хрватска) 4-6
За бронза
Ангела Мојсовска – Елеонора Гуагалијоне (Италија) 9-0

Ката
Фери Исиќ 15 место
Во првиот круг оценка 22,66, втор 23, 14, трет круг 23,6

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО