Кубрат Пулев (26-1, 13 КО) ќе дебитира пред американската публика на 23 март во Коста Меса, Калифорнија.
37-годишниот Бугарин во првиот меч по потпишувањето за Топ ранг ќе се бори со познаникот од аматерските денови Богдан Дину (18-1, 14 КО).
32-годишниот Романец минатата година во ноември го претрпе првиот пораз во професионална кариера, губејќи со нокаут во четвртата рунда од Џарел Милер.
Мечоот е закажан во 10 рунди.
Пулев, кој е задолжителен предизвикувач на ИБФ светскиот првак Ентони Џошуа, претходно беше во преговори за борба со Роберт Хелениус.