Александар Волкановски викендов е решен да покаже дека се уште е вистински шампион.
„Големиот“ ќе се соочи со Диего Лопез во борба за испразнетата титула во перо категорија. Нивната борба е водечка на настанот УФЦ 314, кој ќе се одржи во Мајами, Флорида. Волкановски ја загуби титулата од Илија Топурија, а исто така беше нокаутиран и од Ислам Махачев во борба за појаост во лесна категорија. Многу навивачи се сомневаат во Волкановски по двата тешки порази.
Сепак, тој вели дека ќе се врати посилен од кога било. Волкановски ветува дека повторно ќе биде доминантен шампион што го очекуваат навивачите.
„Ќе се соочам со него. Тој е агресивен, но ќе го искористам тоа против него. Нема да биде лесно финале, тоа ќе биде едно од најдобрите враќања досега. Ја враќам оваа титула во Австралија и ќе ја бранам.
Јас пораснав како борец. Долго време не можам да го направам тоа. Сега е време да им покажам на сите дека сè уште го имам во себе. Дали сум се уште истиот борец? Дали сум премногу стар? Одговорив на овие прашања и повторно се пронајдов себеси“, рече Волкановски.
Волкановски има професионален ММА скор од 26-4. Пет пати успешно ја бранеше титулата во перо категорија. Тој меѓу другите ги победи Макс Холовеј (3 пати), Брајан Ортега, Жозе Алдо, Чад Мендез, Чан Сунг Јунг и Јаир Родригез. Сега Алекс сака против Диего Лопез да покаже дека ја вратил таа форма.
https://twitter.com/ufcontnt/status/1909653615339290625