Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија Роберт Витакер ја коментира претстојната борба за титулата во перо категорија меѓу Александар Волкановски и Бразилецот Диего Лопез, која ќе се одржи за време на УФЦ 314.
„Едвај ја чекам оваа борба! Се обложувам на Алекс“, рече Витакер на поткастот ММАркаде. „Иако не знаеме во каква форма ќе излезе. Сите зборуваат за неговиот пораз од Махачев и неговата возраст. Но, да го наречеме стар е апсурдно. Тој се уште е борец од врвна класа“.
Австралиецот со македонско потекло е дециден дека доколку Волкановски ја покаже формата од првата борба со Ислам Махачев, ќе го победи Лопез и ќе си го врати шампионскиот појас.