Бетербиев во мај ја брани светската титула во полутешка категорија

Артур Бетербиев (13-0, 13 КО) конечно успеа да ја договори втората одбрана на светската титула на ИБФ во полутешка категорија.

По неуспешните преговори за борби со Саливан Барера и Џо Смит Јуниор, 34-годишниот Русин ќе ја брани титулата на 4 мај во Стоктон, Калифорнија.

Истата вечер кога Канело се бори со Даниел Џејкобс во мечот за обединување на титулите во средна категорија, поранешниот аматерски светски шампион ќе се соочи со Свен Форнлинг (15-1, 7 КО).

30-годишниот Швеѓанец најголемата победа ја оставари минатиот декември, кога го победи Кара Мурат со едногласна одлука за појасот на ИБО.

Единствениот пораз го доживеа во 2016 година со  прекин во петата рунда од Евгени Махтеиенко која во моментов има негативен скор 10-12.

https://www.youtube.com/watch?v=u89iXtyirXg

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=jNPNGSPEorY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО