Примислав Димовски и Горан Трајановски на Конгресот на ЕУБЦ во Москва (ФОТО)

На конгресот на Европската боксерска конфедерација (ЕУБЦ) во Москва е и нашата делегација на чело со претседателот Боксерската федерцаија на Македонија (БФМ) Примислав Димовски и членот на Управниот одбор Горан Трајановски.

На Конгресот се бираше Изврашниот комитет на ЕУБЦ, во кој влегоа двајца претседатели од регионот, претседателот на Хрватската боксерски сојуз, Боно Бошњак, кој повторно е реизбран за член на ИК со најголем број гласови и претседателот на Боксерскиот сојуз на Србија, Ненад Боровчанин.

„Сега, во ситуација кога во Извршниот комитет на ЕУБЦ има двајца членови од поранешните простори на Југославија, гледаме шанса и за нас“, изјави претседателот на БФМ, Примислав Димовски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО