Круна на таеквондото на БП: Марко Стевиќ е сениорски балкански шампион! (ФОТО)

reprezentacija-taekvondo-site-melisti-bp-dupnica-2016

Македонската таеквондо репрезентација го круниса настапот на Балакснкиот шампионат со златен медал во сениорска конкуренција. Марко Стевиќ стана балкански шампион во категорија -87 килиграми, што всушност е прво злато во сениорска конкренција на балканските првенства.

Стевиќ до златниот медал стигна со победите над натпреварувачи од Србија, Босна и Херцеговина и во финалето се сретна со претсавникот на Црна Гора.

А Костадин Георгиевски освои бронзен медал во сениорска конкуренција.

Вчера златни медали освоија Дејан Георгиевски во јунирска конкренција, Филип Додевски јуниор и Дебора Брнчаревиќ – пионери.

Вкупно Македонија освои 13 медали – 4 златни, 1 сребрен и 6 бронзени.

Вчера медали освоија Дејан Георгиевски кој до злтниот медал стигна на импресивен начин добивајќи ги сите три борби со нокаут,  Филип Додевски до златото стигна со четири победи.

Сребрени медали освоија Филип Стаменов и Марко Аврамовски со по две победи.

Со бронзени медали се закитија: Сара Раевска – 2 победи, Ива Сандева – 2 победи, Ања Русовска – 2 победи, Фросина Раевска – 1 победа, Ненад Мрцковски – 3 победи и Јована Јанковска – 2 победи.

Ова е еден од најголемите успеси на македонското таеквондо.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО