Кро Кап: Залуден ви е трудот свирачи, чист сум како солза!

Mirko meditira

Сепак, Мирко Филиповиќ е целосно чеист, покажаа резултатите од неодамнешното тестирање на примероци кои му беа земени во ноември. Иако пред одвај два месеци ја заврши својата кариерата, под обвинение дека користел нелегални средства, Кро Кап потврди дека тестовите го покажаа спротивното.

Иако со недели залудно ја објаснуваше неговата ситуација и хронологијата на проблеми со повредите и со УСАДА, многумина го отпишаа, го критикуваа за допингот и го честеа со навреди, а сега Мирко им одговори на најдобар можен начин.

„Што можам да кажам? И благодарам на сите на поддршката и за довербата што ми ја дававт кога излезе „допинг-аферата“! Чист сум како солза, што ги потврди наодите една од најдобрите лаборатории во светот, онаа во Лондон која спроведе тестоирањето на крвта и урината. Иако веднаш тврдев дека сум чист и дека не станува збор за допинг, ме распнаа сите медиуми и тоа со нескриен ентузијазам и без никакви докази. Ги молам истите ако може со најмалку 1 \ 3 од моќта и капацитет кои ги употребија во моето сатанизирање и омаловажување да ги напишаат и објават овие резултати и наоди. Околу 50%, или, не дај Боже, 100% ќе биде премногу и, секако, непремиерно, нели. На мускулите кои ликуваа и се насладуваа со мојата мака овој пат нема да трошам зборови, како и на некои борци во обид кој се јавуваа на социјалните мрежи и своите мисли и критики на моја сметка побрзаа да ги споделат со сите, верувајќи дека на тој начин ја оправдуваат својата просечност и неуспех во спортот. Но, залуден ви е трудот свирачи (Ал, узалуд вам труд свирачи). Поздрав до сите мои пријатели,а и на оние кои од некоја своја причина не ме сакаат“, пишува Мирко на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО