Де Каролис го среди вундеркиндот Фајгенбуц, а тој сакаше да се пресмета со судијата (ВИДЕО)

De karolis

Џовани де Каролис (Италија) го среди во 11-тата рунда германскиот вундеркинд, Винсент Фајгенбуц, и ја освои времената титула на Светската боксерска асоцијација во суперсредна категорија.

Мечот се одржа на галавечерта во Офенбург. Италијанецот доминираше во текот на целата средба. Неговите удари го погодуваа 20-годишниот талент, кој во поголемиот дел од натпреварот не успеваше да возврати. Во претпоследната рунда судијата Густаво Педи интервенираше и ја прекина средбата, откако Џовани де Каролис пласира десетина тешки погодоци. Фајгенбуц не беше задоволен од одлуката и скокна да протестира заедно со неговиот менаџер Вилфред Зауерланд.

Веднаш по средбата двајцата боксери се договорија да имаат и трет меч. Досега резултатот меѓу нив е 1-1, откако минатата година Фајгенбуц победи на поени.

Де Каролис веќе има 24 победи (12 со нокаут) и 6 порази, наспроти 21 победа (19 со нокаут) и 2 порази на де Каролис.

На истата галавечер Дерек Чисора го прегази Андрас Чомор за само две рунди.

https://youtu.be/wsmdO5ye76k

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО