Кро Кап одработи тренинг во Токио и се сретна со хрватски фудбалер (ФОТО)

Мирко Филиповиќ во Јапонија како и секогаш се чувствува како дома. Таму направи еден од последните тренинзи пред неделната борби против Роке Мартинез, а се сретна и со хрватски фудбалер на привремена работа во Јапонија.

Тпа е Михаел Микиќ, 38-годишен поранешен фудбалер на Динамо, кој игра за јапонската Хирошима од 2009 година, и каде што е вистинска ѕвезда, а во клубот има статус на легенда. Тој го посети Кро Кап на тренинг и така дошло до една голема заедничка фотографија. Со Кро Кап е постојаниот тим предводен од Стипе Дрвиш и Саша Милинковиќ.

Кро Кап во недела ќе одработи борба против Роке Мартинез, кој според неговите планови треба да му биде предпоследна во кариерата. Таа е на самиот врв на програмата, односно главна е во воведниот дел, по што следат само уште две битки. Можете да го видите распоредот на ОВОЈ линк.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10216045960295725&set=a.4844017232222&type=3&theater

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/photos/a.776980065680026/2182357498475602/?type=3&theater

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО