Ломаченко: Усик ќе ги победи Белју и Џошуа

Големата ѕвезда на професионалниот бокс Васил Ломченко му предвидува прекрасна иднина на неговиот добар пријател, Александар Усик. Апсолутниот светски шампион во лесно-тешка категорија има закажан меч со Тони Белју, а уште сега планира да се сретне со ѕвездата во тешка категорија, Ентони Џошуа.

„Мечовите со Усик и Џошуа ќе бидат интересни за навивачите ширум светот, вклучувајќи ме и мене“, вели Ломченко, чиј татко е тренер на Усик.

„Сигурен сум дека Александар ќе ги победи и двајцата. Саша има одлично школо од аматерски бокс и секогаш работи сериозно. Во овој момент тој се уште мал за тешка категорија, но следната година ќе ја зголеми мускулната маса и ќе стане голем како и останатите момчиња“, истакна Васил.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО