Вајлдер и Фјури ќе одржат прес-конференција на носач на авиони

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер и поранешниот првак Тајсон Фјури ги уриваат стереотипите пред нивниот долго очекуван дуел на 1 декември во Лос Анџелес.

Тие официјалната прес-конференција ќе ја одржат пред борбата на палубата на прославениот носач на авиони на САД Интерпид, кој сега е историски музеј. Борбата е за титулата на ВБЦ, како и за моралното право победникот да го предизвика Ентони Џошуа на спектакуларен обединувачки дуел.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО