Домашна сценаКарате
Карате центар Пејов дебитираше со две бронзи на Државното првенство (ФОТО)
Карате центарот „Пејов“ во својот прв настап на државните првенства го сефтоса со два бронзени медали на Анастасија Димитрова и Тамара Јанковска на Државното првенство за деца кое се одржа денеска во Скопје.
Со освоените бронзи Димитрова и Јанковска обезбедија место во репрезентацијата на Македонија на Балканското карате првенство.
„Задоволен сум од настапот на нашите натпреварувачи со оглед на тоа дека ова се нивни први настапи и со помалиот број на тренинзи. Честитки за Тамара и Анастасија, а морам да ги пофалам и Александар Тодоровски и Христијан Љотиќ кои добро се изборија иако не освоија медали. Се надевам дека полека ја надминуваат тремата и во иднина ќе постигнуваат позабележителни резултати“, изјави тренерот Зоран Пејов.
Ipon.mk/В.Д.





