Мек Грегор го цитираше Брус Ли: Би ве растргнал и убил во првата рунда“!

Конор Мек Грегор е на продолжен одмор и го чека конечниот договор за својата прва бокс средба со поранешниот шампион Флојд Мејведер Јуниор.

Ирска ММА ѕвезда и УФЦ шампион е убеден дека може да му напакости на поранешниот светски шампион. Деновиве пофали со снимка на еден од своите тренинзи и испрати порака до неговите фанови и другите борци.

„Јас и Овен Роди работевме на неограничена борба, уште кога бевме деца. Многу не се промени работите откако се борев по ограничена правила  на Queensberry. Без непочитување на борците во одредени дисциплини, од боксот до кикбоксот и граплингот, но еден стил на борба едноставно не е доволен. Се лажете самите себе. Лесно ќе бидете скршени во вистинска борба. Во борба без правила кои ве штитат, во чиста борба, немате доволно орудија да преживеете. Ќе ве скршат и ќе ве убијат. Како што рече еднаш големиот Брус Ли, кога зборуваме за борба без правила, подобро ви е да го тренирате секој дел од вашето тело“, напиша Мек Грегор.

Ирец до крајот на годината треба да ја брани својот појас првак во лесна категорија, а се предвидува мечот со Мејведер да биде договорен за оваа есен.

https://www.instagram.com/p/BTXkyCiAE6G/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО